старотурски (прид.)
Тој имаше и едно скратено издание од оваа книга на старотурски, купена во младоста, во Цариград.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Некогашниот дипломец на Цариградскиот универзитет, ја напушти кариерата во високата хиерархија на новата турска администрација со препораки од самиот Ататурк по средбата со него (за која никогаш не говореше, особено во сталинскиот период), беше префинет познавач на старотурското арапско писмо.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко ги прочита и трите книги на старотурски што му ги донесе Климент Камилски во ноќта на балканскиот покер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не доцнеше ниту Мустафа С, кој дојде со една старотурска книга во ракопис за да ја протолкува Татко и потоа да ѝ ја одреди судбината: дали ќе заврши во Архивот, Институтот за историја или во ориенталниот фонд на Националната библиотека.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој придонесе да се прифати конечно латиничната азбука за албанскиот јазик наспроти старотурската османица.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас овој збор со значење на пита не го најдов ниту во еден речник од оние со кои располагам, го нема ниту во гастрономски енциклопедии, ниту во стари и нови арапски, персиски, старотурски и турски речници.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)