стисок м.

стисок (м.)

КНИГАТА ЕСЕЈ метално чиста со цврста маса што одѕвонува сталожена спирално овенчана со чинот на раѓањето со сѐ што е банално во стисокот на рацете во писокот на локомотивата во заминувањето кон личната слобода што заробува во една фуснота посветена на моето заборавено име
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Старчето имаше сува коскеста рачичка и стегаше со неа тврдо, а потоа и тоа замина, оставајќи му го својот студен мртовечки стисок.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се почувствував пријатно со мојата ситна дланка во неговата топла шака, дури некако потраа тој пријатен стисок.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Со едното раскошно крило, распослано како ладило и влечејќи го по земја како тореадорска пелерина, прекрасната птица скришум ѝ пријде на кокошката, ја зграпчи со мудар стисок и за космички миг ја забоде на земја, нешто што кулминира до точка на вечно топорење и гордеење.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Допирот и стисокот не беше обичен. Истото ова чувство на мекост ја потсети Ивона на допирот на Викторовата рака. Истата збунувачка топлина и мекост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стисокот траеше не повеќе од десет секунди, а сепак му се стори дека рацете им се составени долго време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Милувај, кажувај откорната штицо во моите уши шкрипни збор од стисок зад доцната есен клун твоето лице со тврда гримаса на одметнат врисок и блиску, сосем блиску во паднати лисја и стивнати птици од предзимска мисла се тркала бисер од поплака тивка стара колку слухот со воздушни уши кон ветерот со око што од себе се суши ќе одминам во ехо на чекор од чизма ти далечна, крцкава стрпи се и слушни од жлеб, клинец и чекан чука мојот призрак. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 139
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од болот што стисокот му го нанесе Србин почна да се созема, сфаќајќи дека тоа не е грмотевица како што прво помисли, туку дека топови рикаат отаде на фронтот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Раката на полицаецот му ја вжаруваше неговата рака со силен стисок. Не е тоа да не побегне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Помогни тато, шепотам, помогни ми. Но не гледам и не слушам ништо од него, освен стисокот, а и тој е невидлив, обвивка од топол воздух.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Каква моќ има во стисокот на неговите раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го изодуваме камениот мост. Тато, го замислувам во неговите педесетти, побелен, но неначнат од болеста, благо го засилува стисокот на дланката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Арсо се одлепи од стисокот на телата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ниту гледаше, ниту слушаше. Попушти силата на нејзиниот стисок.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одеднаш стисокот на Томо почна да слабее. Спласнуваше неговата снага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Патем, со слободната рака нешто ѝ разјаснуваше, додека таа, така барем се чинеше, го молеше да го олабави стисокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако ја ослободил од стисокот на шепите, ја видел во колебање дали да остане кога е веќе откриена или да избега, како досега, исцрпена и гладна, да ја следи дружината на свој вешт начин со кој и во присутноста ѝ останувала невидлива и доследна на својата цел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еве сега и градите му се свиваат и му се чини дека земјата се затвора во смртен стисок.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дончо се затресува и се откинува од неговиот стисок Шо ти е гајле теп кој ме олупил!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Повеќе