стоички (прид.)
Имаше стоичка величина во широкиот регистер на страдање на овие луѓе.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа и сите чифчии денеска стоички го поднесуваа припекот на сонцето и чекаа да се стемни за да се вратат во своите кошарки по чифлизите и да го продолжат ропскиот живот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Од него научив што да му пресудам:
нека изврши самоубиство
под стоички околности, веднаш!
римските излетнички места
се создадени за рамнодушно сечење вени
за отров, топла бања и палење
за забавен вовед во правот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)