стуткан прид.

стуткан (прид.)

Седам сега стуткана на камионот и гледам во козите што ја брстат шумичката крај патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само седеше стуткан, неспособен ни за едно најмало движење и чекаше да биде што ќе даде господ.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Стуткани во живицата го гледавме чудесниот плен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се најде пред една збрка од факти кои како стуткани хартии шумолеа во неговиот ум.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Испомешани и стуткани еден до друг, на вреќи наполнети со лисја, седат членовите на анкетната комисија на Обединетите нации и десетина припадници на Демократската армија на Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само од играње топка маицата не ќе ти е толку стуткана, а панталоните не ќе ти се олку прав.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нејсе, младиот човек ми помагаше да ги одвртам стутканите панталони и да ги закачам на закачалки, да ги наредам по гардероберите, да ги испрскам со топла вода и да чекам до 9 часот да се испеглаат сами од себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И јас така на скали ќе ја преседам ноќта, стуткана на скалите, пред врати. Ќе седам и ќе слушам како капат јаболката во бавчата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го држев во рацете стутканиот лист хартија кој го беше напишал Татко. Тоа беше цел еден живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не фолираше: лазеше со грб по стутканиот чаршав, главата му паѓаше или нозете му виснуваа а некој пршлен во нејакиот `рбетен столб молскаше со брзи кратки болки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не знам колку долго седев така и ја чувствував Дена како трепери стуткана до мене, кога одеднаш таа ме протресе и ми ги тргна рацете од ушите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Меѓу зимските алишта што ги чуваше мајка му здиплени лете под нафталин на дното од креденецот, го пронајде својот омилен сив џемпер, продрснат од носење и закрпен на лактовите, па го оддипчи и сосе нафталинот во него ги завитка цокулите и така стуткан го пикна во раницата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нишанџијата седи на камен стуткан во ќошот. Спие. Нозете до глужд во вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни со божја помош не можеле веќе стутканите уши да му се доближат до черупката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога дојдоа Србите, извади едно пусулче превиткано како аптекарско ќесуле за прашок против болка и стуткано во чкрипливото стапало на дрвената нога, според кое произлегуваше дека односниот се борел во редовите на српската војска, дека бил ранет и дека се инвалидизирал, па се молат српските власти да му излезат пресрет, покрај тоа што ќе му доделат инвалиднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Браќата преку ден беа зафатени со некаква работа, преку ноќ љубовницата им ги цедеше соковите и ги изморуваше оставајќи ги секогаш да `рчат и да се разбудуваат жедни и стуткани под своето ќебе...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште повеќе што седеше стуткана таму назад, на таа последна клупа. Како да сакаше да остане незабележана.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе