тажно (прил.)
Секогаш е тажно кога се живее со спомени!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
В тишината балансира зелен водоскок тажно извишен и кроток стои тој Децата ги ронат гнездата на звуците па е така безнадежно сам Ослони се одмори се невина на рамената на ветерот не ведни се крени се за еден поглед мал над оваа премногу нерамна висока разбранета ливада на куќите Тогај накваси го грлото на нивните црвени треви тие ја помнат земјата што те роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Тажно е да копнееш за една средба само кога ти е животот бескрајно патување, галеби да носиш на своето рамо а да не го чуеш нивното милување.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Драги патници
времето е вонредно тажно
целта неподатна
летаме на опасни височини
со душоломна брзина
само уште неколку илузии
и ќе се спуштиме
на почетокот
не размислувајте
и не напуштајте го седиштето
сѐ додека наполно не запре
работата на срцето
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ме затекнаа во положба како пеам љубовна балада и тажно седам на скаличките покрај касата за наплата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Тажно е и да се погледне о Родна грутко додека те разнесуваат по полето заскитани светулки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ветерчето тажно зашумоли низ гранките Паднаа првите капки од дождот, по моите нежни образи.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
По цел пат да ми е и благо и тажно и лесно и мачно, небаре на гладно срце да сум сркала мед од диво улиште.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Цане го држеше динарот и тажно се насмевнуваше. Се чудеше што да прави.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
На ова место тажно им беше само тоа што гледаа толкава шир пред себе, но не и оној крај од каде што беа тие.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Момчето живее во својата песна, таму е и мојот живот и во него си ти осамена, тажно осмевната, Ана!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тажно е во ноќта да бидеш сам со птиците, да чекаш со нив сам в некоја пуста станица, и додека некој се лула низ улиците да мислиш дека ти си, ти си тој пијаница.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Сето тоа беше толку мачно, и толку тажно и беше лицето, усните ѝ потреперуваа и ми се чинеше дека во секој момент ќе се расплаче.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Заедничкото на јаничарите и језуитите им беше тоа што и едните и другите исчезнуваа толку тажно и во мрак, без зрак слава и признание, жртвувани за подемот и величината на Султанот и Папата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тажно ја погледнав роднината в очи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Белото тажно молчеше и собираше животни сокови да преживее до идната пролет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Камен ли му в гради легна стија ли го в коси стегна - срце селско - векот тажно!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Да јадеш крадени отпадоци од туѓи софри и да се гордееш со тоа: смешно и тажно.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Им стануваше тажно до солзи.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)