талент (м.)
Неговиот креативен талент се откривал бавно.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Можел да импровизира чудесно и привлекувал внимание со својот талент, станувајќи славен долго пред да биде познат како композитор.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Сепак, веќе бил пијанист со голема оригиналност и извондреден талент за импровизација, што, без сомнение, имало голема улога тој да биде добредојден гостин каде и да одел.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Со тоа раскажување доаѓаше до израз сета прикриена дарба и невидена способност на баба, која имаше силно развиено нараторски талент и осет за трансформација.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Лирскиот талент што го носеше во себе знаеше мошне успешно да го вткае во секоја емисија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко ти многупати пред мене има зборувано дека Иван Степанович им дозволувал на многу љубопитници од кафеаната да ја разгледуваат таа слика и да уживаат во неземната убавина на девојката но и во големите можности и талентот на Јенков.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Талентите на Бетовен како изведувач биле отворено признати од сите со кои тој стапил во контакт.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Се испробувал во композиција долги години, но дотогаш бил познат главно како изведувач, а не како композитор, иако честопати свирел свои композиции и имал, како што видовме, голем талент за импровизирање, што само по себе е своевидна композиција и показател за музички способности од највисок ред.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Била голем талент со блескава пејачка кариера, но при една банална операција на крајници ѝ биле оштетени гласните жици, по што пејачката кариера на врвен солист ѝ била запечатена.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Знаењето не е замена за талентот, но талентот потпомогнат со големо техничко знаење го сочинува книжевниот мајстор.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Ви пожелувам уште долго - долго време да нѐ забавувате со вашиот прекрасен женски талент.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но во тоа беше моќта на талентот, - кутрото дете почнало сѐ одново, храбро го поднесува и најголемиот бол.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Елдричовата студија, објавена под насловот „Ефектот на синтетичката материја слична на марихуаната врз музичкиот талент мерен со Seashore тестот“, тврди дека експериментално е утврдено дека употребата на марихуана предизвикува слобода на изразување кај музичарите до таа мерка што ги „вознесува до нови врвови на виртуозноста“.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
„Користи го талентот да насликаш или напишеш нешто.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Кога станува збор за неговиот креативен талент, можеме само да се восхитуваме на бавноста со која се развиле неговите моќи.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Таа, се чини, знаела дека во Бетовен пред себе има редок производ на човештвото, исклучителен талент, гениј, и имала бескрајно многу трпение со него.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Се поохрабруваш пак, нешто те држи сепак ти го крепи духот, тие веќе некако ќе ти го одредат талентот, знаат тие, проклет да бидам, знаат, знаат кој колку пари чини.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но, по пат, изгледа, изумив да спомнам дека барајќи го проклетиот влез на зградата, каде придавката „проклет” има многу повеќе од само доопишувачка епитетна вредност, размислував за човекот кој беше толку музички талентиран што не можеше да го издржи притисокот и товарот на славата, па реши да се повлече во манастир и целата своја неродена музика, сиот талент што Бог толку дарежливо му го беше доделил, реши да му го врти нему.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Таквата склоност се легитимира со „острумниот“ талент што не се чувствува врзан за класичниот канон.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но, луѓе, да не се залажуваме. Може ли некој да го одбере својот талент.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)