тениски (прид.)
Нејзините перформанси на еден вознемирувачки начин ги комбинираат спокојните, банални, секојдневни активности, повредите и болката - голтање на гнило мелено месо додека гледа ТВ-вести во намерно неудобна положба; наизменично ранување со жилет врз стомакот, очните капаци, лицето и рацете додека си игра со тениско топче (Психа, 1974); бескрајно гргорење со млеко сѐ додека исплуканата течност не се обои со крв (Sang, Lait Chaud, 1972); искачување со незаштитени стапала и дланки низ скалички составени од жилети (Escalade Sanglante, 1971).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Едниот ја вртеше низ раце мојата капа за сонце, а другиот си игрше со мојот тениски рекет и со топчето.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бев покриен со бели нагорени крпи. Тениските чорапи. Од торбата остана само пластична нараквица околу мојот зглоб.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
На ова градскиот татко збеснал и отворено му кажал на претседателот на клубот дека додека тој е главен фактор во градското собрание, тенискиот клуб нема никаква шанса да добие свои простории.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И тргнавме. Тениските игралишта беа преполни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Тенискиот клуб имаше најмногу шанси, во него членуваа ќерката, зетот и синот на градоначалникот, а синот на претседателот на градското собрание имаше нереална амбиција еден ден да заигра на Вимблодон.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Слагалицата на Торонто е составена од непрегледни пространства на куќи, прошарани со илјадници паркови, голф клубови, илјада покриени базени, безброј тениски терени, рекреативни центри... На долго и широко. Чисто.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
ѓ) Постојат иницијативи за изградба на Спортско - рекреативен центар, со олимписки базен, со филтер станица за пречистување на вода, осум тениски игралишта, игралиште за голф, фитнес клуб со сауна, ресторан и диско.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
За неа беа заинтересирани локалното друштво за заштита на животните, асоцијацијата на крводарители и управата на локалниот тениски клуб.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)