тотален (прид.)
Се разбира, тој притоа мислел на идентична состојба на тотална сосредоточеност којашто некои личности можат да ја доживеат спонтано.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Режимот не можејќи да се соочи со неизбежниот пораз во рамките на тоталната изолација, настојуваше да се потврдува во градењето на бесцелните музеи, за нивната апотеоза да биде во Атеистичкиот музеј.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Замислата на прославениот француски автор била интелектуалната авантура на двајцата добродушни старци кои по изминатиот работен век како препишувачи, во векот на подемот на науката, како тотални автодидакти, решаваат да им се спротивстават на науките во времето на нивниот неоспорен подем во Европа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ратка имаше тотална доминација во куќата, а даљинското од телевизорот во дневната соба беше апсолутно под нејзина контрола.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Среќни двете за моментот на тотална слобода, радосно, со смеење и скоро со трчање се упатија кон Широк Сокак. Веќе беше квечерина.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не веруваше во тоталната демократија, зашто секој е за нешто виновен во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А волшебно е да се патува низ неа како низ едно примитивно општество на утрешнината, сложено, измешано во неизмерен промискуитет, општество на свирепи ритуали, но полни со убавина во својата површна разноликост, општество на една тотална метасоцијалност со непредвидливи последици чијашто пак неизбежност нѐ опчинува, но општество без минато низ кое би се одразило, и коешто оттаму суштински е примитивно...
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
А ако порекнувањето на поединецот предизвикува безгранична власт, од распадот на човечкиот род се раѓа тотална војна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Култ на беспризорноста, типично американски: тотална расположливост, проѕирност на сите функции во просторот, кој пак останува неодгатлив во своето ширење и кој може да биде совладан исклучиво од брзината.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Често размислував за моето фантомско патување низ сталинистичка Албанија: од чиј интерес беше земјата да остане во тотална изолација од Европа?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Некакви си дребнави дуќанчиња, тие постојани клубови за прислужниците и секаква челад, беа отворени, други пак што беа затворени, сепак пропуштаа долга шурка светлина долж целиот процеп на вратата, што значеше дека ни тие сѐ уште не се без друштво и веројатно, прислужничките и слугите сѐ уште си ги довршуваат своите расправи и разговори, доведувајќи ги своите господари во тотална недоумица околу тоа каде се наоѓаат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Проституцијата е тотална, електричното осветление исто така.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Значи: маниризмот е антинатуралистичен и доследно стреми кон тотална апстракција.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А пошто наидува на моја тотална рамнодушност, во себе луди и жали на кои битанги сето тоа им го остава во наследство!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Се создаваше нова митологија на Балканот, можеби и поубиствена од претходната која ги ставаше новите држави- нации во тотална амнезија кон османското минато, кон османската компонента во нивните идентитети.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Луѓето сакаат да мислат дека постои тотална контрола или дека нема Тоа го нарекувам контрола.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во прилог на ова сведочи и нервозното затајување на споменатата мамутска изложба во Guggenheim со наслов „Апстракцијата на дваесеттиот век: Тотален ризик, слобода, дисциплина“. 134 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Некое мало животно, далеку од инсект со кое посакуваше да се поистовети, кога би бил тој, но повторно гледа само подвижни сенки од ветар, ѕидови,куќи и разговори, само точка во која од овој треба да премине во оној страв, или акт на тотална неподвижност, замрзнатост во време пред некои сцени за кои е потребна храброст - и одложување, единствено можно да се случи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)