тропа (несв.)

Нѐ истерува од нужникот, ни тропа на главата, по плеќите, нѐ удира кај ќе нѐ завтаса.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Белки ќе се најде доволно очај за вкусот на новите зборови и сетики оној олук на нашето старо место ќе престане севезден да тропа.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Кога ќе поминете на полноќ крај палатата што се наоѓа на центарот од езерово, тропајте колку што можете посилно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го шетам Министерството за надворешни работи на Југославија и на сите врати тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дождот што туриваше силно пронашол некоја скршена ќерамида на покривот и пробивајќи се низ таванот сѐ повеќе тропа на масата и подот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Крнтијата тропаше над раскопаното поле и застана блиску до камионетот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Камењата по кои се сопинаа се превртуваа тропајќи како ореви.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тропаме по куќите и ги среќаваме нивните преплашени лица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А многу убаво и го тропаше тој ѓаволски барабан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Бездруго, пропаднатата петиција за затворање на диското ги оставаше соседите со глави да тропаат по ѕидовите, или можеби навистина тропањето ми беше наменето мене затоа што не правев доволно силна бучава како онаа на која навикнале.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми се стори нешто познато и си тропам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гладот тропаше на вратите на речиси сите семејства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Срцето му тропаше во градите со застрашувачка гласност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мразеше темница, а изгаснатото светло само да го засилуваше чувството на клаустрофобија кое и онака го имаше. Почна да тропа по вратата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И војникот пред вратата тропа да излеземе...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега тропам со друго име и презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тропаат на тврдиот планински камен коњските копита, шушкаат опинците и босите стапала на жените, кои загледани во разофканите ранети, се сопнуваат од издадените корења и камења.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И легнавме да тропаме на вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе