труе несв.
труење ср.

труе (несв.)

Жестоко и тешко чувство се надигнува и му ја труе душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во тоа време уште не ми беше толку близок како што ми е сега, за да можам да му признаам дека ме мачи грозна љубомора и дека зависта ми ја труе душата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Под креветот склопчена змија си ја труе сопствената опашка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но ерупцијата продолжила уште посилно, и покрај лавата и пепелот, исфрлал и смртоносен јагленороден диоксид од кој започнале луѓето да се задушуваат и трујат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Колку порано се урне оваа багра толку подобро, а сѐ дотогаш останува само да нѐ трујат со нивните демагошки лајна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не ги трујам со апчиња, сѐ е чисто и не е прскано. Дојди да видиш во задниот двор“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие те трујат, му велам и од тоа никој не ни влегува в куќа. Тие направија така, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тогаш некој од политичарите рече дека тероризмот во земјата станал хронична болест, која е тешко да се излечи, и дека на него се лепат организираниот криминал, нетолеранцијата, ксенофобијата и многу други работи кои со години ќе ни ги трујат децата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Умираат од загадениот воздух, се трујат од тие хемиски средства со кои човекот ги прска растенијата, а голем број страдаат од несовесни ловци, оние со вистински ловечки пушки, но страдаат и од помалку опасните воздушни пушки што најчесто се наоѓаат во детски раце.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На сон почна да му се јавува затворот, а од ноќните соништа, како некој определен ужас, затворот минуваше најаве и му ги труеше деновите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дајте ми една полна рака од тие апчиња без вода, да се отрујам. Да се трујам катадневно, до крајот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега молчаливоста му беше катинар, за да не излезе од него онаа смрдеа што го труеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И, додека го убедуваа неговото другарче од одајата, во која ЦИА перманентно го „труеше“ со боеви отрови вшприцани низ штекерот, тој ме влечеше во холот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Дали Турците или некои други комити што биле против овие. „Ајде, јади, од својот отров, му велеле, од својот зер труј се“ , му велеле и му сечеле меса од рацете, од лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сум ја гризел и сум ја труел. Затоа е неподвижна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ноќта ме труе со зло, сами сме јас и осаменоста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Налет да се парите што ги спечаливме, рече во една нервоза, во една паника Анастас, сѐ в џенем нека фати, кога излез одовде ни нема, и почна да купува пијалок, да пие, да ја труе душицата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе