ублажен (прид.)
Тој беше далеку од тоа да биде маж - потчинет на жената, но помислата за машка превласт во неговите машки гради во голема мера беше ублажена од силната личност на Кети и од неговиот приземен разум.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
- Знаеш, можеме да купиме куче, па секогаш кога ќе се шетаме низ паркот, ќе можеме да го поведеме со себе. (Морам вака ублажено да ја наметнам темата за детето).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тој мора да се прифати целосно, со сиот оптимизам што преовладува кај него, или подобро кажано, во вистински филозофски дух, тој покажува дека тагата, неизбежната неволја и бедата на животот, се повеќе од ублажени со добрите работи што ги дале боговите.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Глетката е јасна. Миоптијата ублажена.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)