уверливост (ж.)
А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Најпосле зошто не би било така: вистината е понекогаш во уверливоста на она што ни го раскажале и во она што други го слушале од нас кога сме умееле да раскажуваме.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На прочитанот научен труд му недостасуваше крунскиот податок кој ќе ги збогатеше со бесприговорна уверливост податоците на почитуваниот монах.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но приказните ја губат својата уверливост, кога реалниот свет ги остава широко распространетите визии далеку зад себе.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Внимавај на распоредот, архитектонската постапка, инструментацијата, но плени се од возбудливоста и уверливоста на кажаното.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)