увид (м.)
Увидот е критична фаза, кога решенијата често се јавуваат “во вид на блесок”, и можат да бидат проследени со големо восхитување.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Вам ви останува правото по излегување од затвор да побарате начини и патишта за разрешување на неусогласеностите помеѓу вас и божем оштетената Басотова доколку и понатаму ќе сметате дека тврдењата на двете страни, и после овој увид, се спротивставени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Поради тоа добив увид врз чијашто основа можев да утврдам некои заеднички особини во поведението на црните луѓе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тие ни помагаат да го расчлениме општото поведение на организмот на начин кој ни дава подлабок увид во емпиричките податоци од психологијата и невронауките.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ослободувањето од плаќање на трошоците на постапката опфаќа ослободување од плаќање на такси и ослободување од полагање на аванс за трошоците на сведоците, вештаците, за увид и за судските огласи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во нив е овозможен увид во заборавените хиерархиски композиции по пат на архетипските и амблематски одлики на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Оваа состојба почнува ненајавено и ненадејно во вид на восхитеност, блаженство и екстаза од животот на обичните луѓе, преплавено со блесоци на убавина, љубов, духовно - сексуално искуство, совршенство, стравопочитување, естетско или креативно чудење, увид или визионерско доживување, како што во своето творештво го соопштува, да кажеме, Вилијам Блејк (William Blake).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Претпоставував дека треба да направи не само увид во можностите, туку и извесни консултации.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Фонче откако ја прегледа куќата од Китан, вртејќи ја главата како да не верува дека ова е случено со неа, во тужбата наведе дека куќата е оддалечена 150-200 метри од каменоломот; дека кога ја изградил Китан, тужениот Танаил, не вадел камења со експлозив, ами рачно; дека од тие експлозиви куќата добила пукнатини кои со време сѐ повеќе се шират и дека се заканува опасност куќата да се урне; куќата кога ја изградил немала никакви пукнатини, а за тоа можат да посведочат мајсторите што ја граделе; и затоа бара од судот веднаш да му забрани на тужениот Танаил да употребува експлозив и преку вешто лице да направи увид на штетата на куќата и да му ја плати на тужителот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Да видиш- да не веруваш, особено ако имаш увид во работата на театарите во внатрешноста.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Навистина немам увид во вашиот случај” се обидов да го избегнам директниот одговор.“
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сепак, овој свесен увид не го намали „притисокот“ и физичката болка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Органот што врши увид или реконструкција може да побара помош од стручно лице од криминалистичко-техничка, сообраќајна или друга струка, кое, по потреба, ќе помогне во пронаоѓањето, обезбедувањето или опишувањето на трагите, ќе изврши потребни мерења и снимања, ќе направи скици и фотодокументација или ќе собере и други податоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)