ум (м.)
Луѓето ми зборуваат нешто, сакаат на друго да ми го тргнат умот, ама јас сум оглувела, никого не слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ е под клуч, што се вели, целиот свет се држи заклучен, а мене умот ми е надвор избеган.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ќе си живеам сам и како што умов ќе ме учи...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ѕид ѕидосан, вар варосан
- умот
трпи
сѐ додека
може
да поднесе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Композицијата е генијална и е во остар контраст со мрачните претчувства што го исполнувале неговиот ум во тоа време.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Умот го проектира и го рефлектира целиот свет и затоа светот и животот во мене и околу мене и во моите очи е секогаш поразличен од сите други.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кога поминаа пред конакот, ја видоа мудурот, мулазимот и некои чауши, па си велат меѓу себе: „Бак, бак, ѓузел ѓелин", и му остана на стариот мудур Рождонката во умот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ој ти, Вардар, шуми, играј, шуми, играј од жалови, додека ни стари мајки глуво шетат низ дворови и со шепот низ ум трештен чеда свои споменуат.
„Песни“
од Коле Неделковски
(1941)
Оваа песна на природата е секогаш пријатна, го освежува умот и ги одмора заморените способности, исто како што физички ни помага патувањето на село.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Немирите продирале во сите општествени класи, а последиците од Револуцијата се чувствувале меѓу интелектуалците преку развој на умот и стремеж кон повисоки цели.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Одеднаш: си се чудам на умот. Што ми стана што така ми се виде. Она со претседателот и она со Сатирот.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Бабо Крстовице, остани ми со здравје... - Господ здравје и ум, синко, да ти дади и носи поклони дома на сите...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
— Најпосле си заклучи и си вели со умот: „Се виде, таа, џанум; тој ќе биде, крив, слеп“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Поточно, ако општествено научното гледање на сето постоечко во некои теориски концепции уште и ја доведувало во прашање сеуреденоста и, следствено, објаснивоста на социјалните, историски, духовни, културни итн. феномени, на природонаучните пратеници кои во научната република ги застапувале владеачките парадигми или научно-истражувачки програми - тоа речиси не им паѓаше на ум.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И умот ти се земал кога знаеш колку си наблиску со тој што го сакаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Младите умови изложени на слободното ширење на електронските информации одеднаш расцветуваат како цветови во пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мојот шеф постојано ми приговара дека сум претерувал доделувајќи му слободни денови на мојот ум.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мажи се сега тие. Војници. Ја. А и умот од тоа може да ни роди нешто.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Волшебните зборови – Слобода, Еднаквост, Братство, и идеите што ги претставувале, биле присутни во умовите на луѓето.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)