уморено (прил.)
Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Под прозорот се јазат уморено во собата познатите звуци на гитарата Тоа пак во дворот осамотен пее и вика да го придружиме стариот пријател наш Молчиме ние тој вика Молчиме сите тој пее:
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Се отпушташе уморено на неговото силно рамо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Арсо најде едно незафатено место под прозорецот, си ги остави пљачките и уморено се струполи врз нив.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тешка воздишка ѝ се истргна од градите. Уморено отпушти глава. - Какви деца сме, рече.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)