универзалност (ж.)
Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Да се урне Картагина! Се обидував во своите мисли да трагам по универзалноста на оваа метафора.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Иако вљубеник во мескалинот, нов духовен сакрамент кој создава можности за ново доживување на светот, писателот на неколку места како да поставува одредени сомневања во неговата универзалност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)