херувим (м.)
Се сменуваа сушици и припек и само во југовина сѐ што се движеше пееше услиши господи и херувими а воздухот повторуваше со години секој збор и секој глас.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
По него одеше еден момчак што носеше каленица со пченица, а по него врвеа ѓачиња, во рацете со издигнати херувими и серафими.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му зборува за ангели, за херувими, за светци, за дарежливоста и љубовта божја; му зборува за чудесиите небесни што око не ги видело, уво не ги чуло, умот не ги допрел; му зборува за да му се замили новиот живот, што го чека...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Песната патува до своите херувини. Таа доаѓа до нив, за да му се врати преку нивните небесни труби повторно на СОЗДАВАЧОТ.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Потоа стариот рабин ја гледа заветната арка на Мојсеј со таблиците со десетте заповеди во неа, светата кутија конструирана со две рала држачи за носење, означена со двата херувима свртени еден кон друг, на кои крилјата им се допираат над главите, направена од најдобрите мајстори според прецизен диктат од небото што до денешен ден стои запишан во Светата книга.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бие камбана. Светците бдеат, Херувимите богоумилно пеат, Врз храмот ангели слетуваат.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Архангелите, серафимите и херувимите лимја фатија. Не се вратија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)