херцеговина (ж.)
Србите не се интернационалисти, а сите буквално, без разлика дали е некој од Србија, Босна, Херцеговина или Црна Гора, сите се националисти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не се излагав. Во ресторанот ме пречека една средновечна жена од Херцеговина, која ми се претстави како стопанка на ресторанот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А самите настани што потоа следувале, как што се анексијата на Босна и Херцеговина од страна на Австро-Унгарија и Балканските војни од 1912/13 година, биле потези во таква игра во која Русија и Централните сили ја примениле политиката на одмерување сили на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во средишната југословенска република, Босна и Херцеговина, и таа рожба на новата федерација и на геостратешката визија на федералниот водач, свеста за големото значење на ориенталистичките студии зајакна во врмето на австроунгарската окупација, што не беше идентичен случај во јужната република.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)