хигиенски прид.

хигиенски (прид.)

Маќеата дури и ја викна до бањата за да ѝ покаже каде стојат хигиенските влошки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа беше квечерина, по вечера, го фрлавме ѓубрето, никаквецот беше раководител на хигиенското одделение.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Нас стрижените нѐ впикнуваа во пералната за да ги оставиме, алиштата и, притоа, човекот од хигиенскиот завод нѐ посипуваше со бела прав по главата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И сега, замисли, невеста од барака (ќарена за време на земјотрес) со теписон, покриен со черга по дијагонала (од практични причини) и тросед обвиткан со најлон и захефтан со патенти како од филмот „Големата грчка свадба“ (од хигиенски причини), од една страна... и младоженец што живее во државен стан, послан со „персијанер“ и мебел од оние 15,16 ЛУЈ, од друга.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Бев со Бреда секоја вечер, а преку викендот заминавме за Вермонт до хигиенскиот центар за кој ѝ зборувала нејзината роднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако земеме предвид, како што покажуваат скиците, колку композициите, кога работел на нив, се подобрувале во неговите раце, тогаш едноставен процес на расудување ќе го убеди читателот дека работата на секој човек, во која било линија, може да се подобри со прифаќање на истите методи.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Кога барал тема за одредена цел, ако вистинската мисла не му доаѓала веднаш на ум, неговата практика била да пишува што е можно поблиску до неа.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)