цифра ж.

цифра (ж.)

А тоа пет кила и сто грама и со букви и со цифри.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Едни ја исклучиле струјата во викендичката во Бестрага, а оној што чита 10 месеци му пишувал киловати по паушал и го задолжил за неверојатна цифра, па извршителот му дошол дома да му наплати со седечката гарнитура и витрината заедно со телевизорот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа е нешто како чипот во компјутерот што е просто едно парче во кое нема ништо а сепак продуцира мисли, цифри, графикони, цртежи, со еден вид мислечки процес.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во мозокот се определуваат цифри коишто имаат свој живот и смисла.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оценките варирале меѓу 35 - цифра дадена од страна на валијата, и повеќе од 300, што треба да се земе за точна доколку би им се верувало на повеќемина Европејци, главно Германци и Австријци што живееле во западните делови на градот, каде што живеело егзархиското население.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но сите признаваат дека овие цифри се многу ниски.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Дека нема да откриваш бројки, димензии, нема да оддаваш никакви податоци, цифри?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше исто како кога некого одненадеж ќе прашате какво му е броилото на часовникот: со арапски или со римски цифри, во која боја?
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Овие прости цифри покажуваат можеби понагледно одошто другите расудувања како со концентрацијата на капиталот и со порастот на банкарскиот промет од основата се менува значењето на банките.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
За размерот на прометот и големината на претпријатијата на обата „труста“ извесна – ни оддалеку неполна – претстава даваат следниве цифри: Промет на стоки (милиони марки) Број на службеници Чиста добивка (милиони марки) И еве во 1907 година помеѓу американскиот и германскиот труст е склучена спогодба за поделба на светот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Отец Симеон долго го чекаше и можеше да му ги истегне ушите до таван, но тој знаеше што знаеше и кажуваше сѐ што знае - на саката беа наредени в круг цифри од 0 до 1.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега кругот на светлоста од батеријата, како големо и запалено киклопско око лежеше врз тие цифри, врз тој бројчаник со тајна цифра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се зачудив. Владе ги знаеше и цифрите. „Пет илјади“, повтори тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)