црквински (прид.)
Под тремот црквински редачките веќе клаваа за ручек и нешто постојано брчеа со устите, како и мувите над котлите со манџа. 13
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Пијаниот гробар си го исекна носот, а на црквинската црешна почна да црцори врапче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Првин дојдоа само десетина души, вели Николе Валавичарот и почнаа да бараат ракија, и ние им донесовме ракија и, заколете десет кокошки, велат, за секој по една, си ја редат, и ајде и кокошките им донесовме, им ги натокмивме на трпезите црквински и тие јадат, гнетат, а ние стоиме на страна и гледаме, и среде јадењето некаде под црквата квикна прасе, а, овие ќе колат и прасе, вели старшијата, прасето нека го за вечера, вели,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)