чистинка (ж.)
На чистинката меѓу грмушките непознатите седеа околу огнот и со внимание ги разгледуваа нашите велосипеди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Возврати со чистинка на грлото низ кое зборовите се истураа сами: - Највеселата вечер на човештвото ја прогласувам за отворена!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Стоиме на работ од една чистинка, а треба и таа да се помине, да се претрча.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се качив во возилото на инженерот и, набргу, стигнавме до еден голем хангар, изграден на една чистинка, на периферијата на градот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше војна. Како и сите други селани, и Језекил сега ги копаше и ги посеваше со јачмен и со пролетна јарова пченица подновените нивки по шумските чистинки и по присоите крај нивното село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се распливнало зимско сребро. На чистинката паднал сноп светлина кон кој сите побрзале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беа договорени повторно да отидат до чистинката во шумата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега ја беа напуштиле чистинката и повторно талкаа низ шарената сенка, прегрнати околу половината секогаш кога беше доволно широко за да одат паралелно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога тргна по неа, Винстон виде дека се наоѓаат на една природна чистинка, едно мало тревнато ритче опколено од високи млади дрвја кои целосно го затвораа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Кога стигнаа до работ на чистинката, го слушна лаењето на кучињата. Беа веднаш под селото.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Еј, - викна таа тихо отстрана и одеднаш излегува на чистинката пред него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Се случи така што никогаш повеќе не дојдоа на чистинката во шумата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брзо, со повремено пукање на некое гранче, си го пробија патот до чистинката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа трча со другите деца кон чешмите на големата чистинка, се плиска со студената вода, се прска со децата и си мисли: „Еј, уживање! Каде го има ова дома!“
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Не помина многу и на патчето од долната страна се покажа човек на коњ, ситен како некоја бубалка, лазеше можеби една минута по патот и заедно со него се изгуби во шумата над чистинката.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан стоеше на височинката зад колибата, загледан на север во едно парченце пат што избиваше од темната букова корија, се простираше дваесетина метри преку една чистинка и пак се вовираше во високата букова шума.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во едно зелено катче од Изложбата, заокружено од сите страни со дрвја, се забележува една импровизирана негарска населба, слична на тие во Централна Африка: наоколу густа прашума, испресечена со реки, а на една чистинка и населба: сламени колиби со бамбусови дрвја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На десетина метри западно од колибата се простираше чистинка, омеѓена од северната страна со две, три стари буки, од јужната со поточето и коријата што почнуваше преку него, а кон запад чистинката свршуваше со ретки, стари јаболкови и крушови стебла, кои потаму се згуснуваа и сраснуваа со густата букова корија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)