чкрапја (ж.)
А внатре не сме само ние: купишта чкрапји, стоногалки, и вошките што сме ги донеле со алиштата наши.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Жената, со топли дланки врз распупените дојки, шепоти благослов за неговото неизвесно патешествие во царството на чкрапјите, влакнестите пајаци, лукавите аждери.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Чкрапа, ќе ме изеде чкрапјата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Гледај што пишува: „И петтиот ангел затруби... и од чадот излегоа скакулци на земјата, и им се даде власт, како што и чкрапјите имаат власт на земјата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)