чкрта (несв.)

Се насмевна во себе. Секако, секако ... овој човек на плажата — колку години има? Шеесет и пет? Седумдесет? — чкрташе и шаркаше наоколу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Продолжуваше и буден да 'ржи и да чкрта со забите и не ни помислуваше да престане со тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Чкрта по ѕидовите и вели дека сликите живеат надвор од рамките.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Луѓето го носеа на своите рамена по сиот тој длабок снег, што тонеше под нивните чекори, или чкрташе, смрзнат, него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тоа секако, некаков бавен полуслеп коњ влече чкртава кола и го тресе стариот колар и самиот бавен и полуслеп, со многу иње на обрастеното лице.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нареди да се симне сиот сомот од палатата и да се замени со светлива чоја која е мазна, мека и не чкрта во раката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кобнички гракна гавран, потоа веќе знаев дека со кусо и болно повторување чкрта бунарски чарк, квичи осакатен пес и се заценува дете, и сето тоа достасуваше до мене и пак се оддалечуваше, се гаснеше или тонеше во некоја тишина чии ластари се испреплеткуваа околу мене.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чкртам, а целиот сум на штрек: секој миг би можел да влетаат во собава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А рацете дур летаат и нозете се јазат кон сонцето на плодот кон семките што 'ртат долапот расте во ноќта на сништата што лазат и вика тој со гласот што чкрипи тропа и чкрта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Колата чкрта, а ние одиме по неа и гледаме во рогузината кај што лежи мајка. И плачеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој лелека. Ама никој не те слуша, никој не знае дали некој лелека или колите чкртаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Злото чкрта со забите, се рони песокот на пакоста, во животот ќе го добиеме тоа што има го даваме на другите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Коските му чкртаа. Над неговата глава студено блескаа ѕвезди.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да не ви текне повеќе да чкртате по тетратките дека јас сум ја сакал Бала.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И колите одново почнуваат да чкртаат, да нѐ тресат. Како чекрк да вртат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Му чкрта дишењето на човекот, слушам како му чкрта дишењето, мислиш неподмачкана кола. И остана така подзинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чаркот чкрташе над мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе