шестмина (бр.)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ ќе изедевме шестмина!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Откако никој од нив ништо не најде во келарите и амбарите тоа за што беа дојдени, одделија шестмина мажи и ги одведоа на Св. Илија, надвор од селото, Таму ги мачеа и на крај им ги посекоа вратните жили и пршлените и така ги оставија да искрвават.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Десетина биле уапсени како „комитаџии“ и малтретирани. Шестмина од нив умреле во затворот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Откога пеењето заврши, врз сандакот го ставија капакот и шестмина селани од Ајдинци го кренаа на раце.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во ќелијата имаше шестмина затвореници, мажи и жени. Сите седеа сосем неподвижно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Со првата пресуда, од март 2003, првостепениот суд, кој ги распита странките, а сослуша и шестмина сведоци – го одби тужбеното барање на работниците како неосновано, по што тие благовремено, во април 2003, поднесоа жалба до Апелациониот суд Скопје, а во мај 2003 поднесоа и дополнение на жалбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
I. Дружината наша е составена од шестмина долномаалци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Шестемина селани од Ајдинци мирно го спуштија ковчегот на земја, а шестмина гавази веднаш го позедоа и го однесоа во џамијата на ибн Тајко, каде што одново, само според други обичаи, требаше да се подготви телото за вонземскиот живот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Кон таму, забрзано јаваа шестмината вооружени Турци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше таму и шестмина римски папи, разни великодостојници уште од времето на Самуиловото царство.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И не се излажа; само што стигна на нивата, од кај селото се зададоа на коњи шесмината вооружени Турци, а пред нив, со пушката в скут, јаваше Мусли бег. кога стигнаа Турците на само дваесетина метри од жетварите, Дамче, откако им даде знак со рака на своите да бидат мирни но и на штрек, сам се испречи пред Турците, викна: Се лутиш, Мусли бег, су ти го удрил внукот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во очите блеснува свеченост... - Чифт! Чифт!... Четворка, - се отприштуваат звучните гласови на шестемина младичи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И додека најмалиот со зачуденост на детински невиното лице му притрчувал да му помогне и да го исправи на нозе, фрлајќи ја пушката во недораснатоста да сфати дека нечија невидлива цевка внимателно му го бара челото покриено со густа коса или лицето или градите ослободени од секаква тежина на зимска облека, другите шестмина од скок се фрлиле на земја и заревеле или одмазднички или охрабрувајќи се меѓусебно без заштита и на најмало камче пред очите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И потоа, кога погледнал повторно кон убиените, ги видел преостанатите шестмина како стануваат од бришаниот простор по последните свои истрели и се доближуваат со трчање и со голи јатагани или долги ками кон заседата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)