шпекулативен прид.

шпекулативен (прид.)

Таков утилитарен, тенденциозен и шпекулативен однос кон науката не е за одобрување и е причина и резултат на национален шовинизам, но последниов е резултат на тие историски прилики во кои попадна српството, особено по Берлинскиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивната лоша страна била дека за жал и тие создавале непотребни главоболки а и недоразбирања, особено кај оние поединци со нездрава шпекулативна умисла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потрагата по нови оружја продолжува непрекинато и е една од сосем малубројните активности во кои пронаоѓачкиот и шпекулативен дух може да најде вентил.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најголем успех постига не трговецот кој врз основа на своето техничко и трговско искуство најдобро ги разбира потребите на купувачите, кој умее да го најде и, така да се каже, да го „открие“ бараното, што се наоѓа сѐ уште во скриена состојба, туку шпекулативниот гениј (?!), кој умее однапред да пресмета или барем однапред да го почувствува организациониот развиток, можноста за извесни врски помеѓу одделните претпријатија и банките…“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)