штафелај (м.)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мислев дека мојот голем камион ќе го здроби неговиот штафелај.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Уште со првото утро, Сликарот почувствува немир, чуден творечки трепнеж, кој го влечеше кон ателјето, и кој го намести штафелајот и да ја подигне четката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Празна, само со два штафелаја, еден тросед спроти нив и цреп со кактус „свекрвин јазик” во аголот меѓу ѕидот со прозорци и ѕидот со слики.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги издржа твојот штафелај тешките теретни бродови на едно ирско пристаниште видено од твојата беспрозорна мансарда.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Го фрлам штафелајот а сликата ми се нафрла. Исплашен бегам, паѓам, замижувам... Божем спијам, божем сонувам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Не сите сликари, навистина, академски или аматерски, особено не оние што сликаат со палета бои во едниот палец, со соодветни четкички во другата рака и со исправен штафелај пред себе, како и секој инструменталист пред својот статив со отворени ноти.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во МОМА, 3 табли беа поставени на штафелаи, додека останатите беа расфрлени околу платформата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И ете сум, возам низ германско село (тоа беше за време на окупацијата) а таму некој сликар имаше поставено штафелај, точно кон улицата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)