јунешко (ср.)
што пијат, едниот слатко кафе, другиот горко, а третиот чај и не јадат сите иста сарма со месо во сооднос 700 грама јунешко, 300 свинско, бидејќи таква му е верата на едниот од нив, па треба да му се испржат јајца и тоа во тенџере, зашто до тавчињата не може да се дојде од многу нафрлани работи,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лена била зачудена кога видела како е средено таму: полица до полица, па тегли, па шишиња масло, па билнак ракија, па фрижидер за длабоко замрзнување полн со јунешко, па обичен фрижидер, па киселина винска, па цело вреќе сол, пипер, шеќер, дури и мелен црн пипер.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Бошко заедно со Калија одеше на чомлек пазар по урда, и на балук пазар по сушена риба, се туркаше и во врвулицата пред фурна каде што целото маало носеше разни јадења за печење, од лебови до тави гурабии и татлии, ама заедно со чиракот од дуќанот на Марко, им носеше јадење и на Марко, и на самарџијата Димо, бидејќи мајка ѝ на Калија, како и свекрва ѝ, беа дамна починати, а таа прекриена чинија со цедило везден му ја грабаше на чиракот, и самиот, напрегнат, ја носеше истурена напред, како да носи цел товар леб и сирење, грав или јанија со јунешко која не смее да се плисне или, чувај боже, да се истури.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Суџуците таа самата со голем мерак ги подготви за инает на новиот Музафер-ага, ги измеша со јунешко месо и со разни мирудии, и откога ги исуши им даваше на децата да грицкаат сув суџук, за да не ги издаде миризбата при пржењето.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)