Алах м.

Алах (м.)

И штотуку месечината се поткренала зад ред јасики и штотуку сув ветар удрил во високиот и тесен прозорец на неговата куќа-кула, еден од помошниците на мулазимот со неколку стрелци и бекрии го повикал прегладнетиот непокорник да се предаде: на оној што се кае, алахот и султанот му простуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Начинот на кој петелот скокаше на оградата или на нискиот покрив и како ја креваше главата за да го огласи своето достоинствено кукуригуу, Милан го потсетуваа на муезин кој од балконот на минарето ја искажуваа благодарноста кон единствениот Алах, или пак кон султанот-воин кој ја повикува моќта на мечот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Не мисли дека земјата и рајата ги држиш само со својата сабја, туку подобро имај на ум дека земјата е првин сопственост на бога, а потоа од пророкот, и овој само по заповед на Алах ти ја подарил.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама отсега Алах ќе те учи како да живееш, и толку.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Заборавил кој бил и заборавил дека лежи ранет од шрапнел на боиште и дека повикува - Константин доаѓа; му го шепоти Коранот на свој јазик и пак неизменет, со недвосмислено значење: Ако ја подадеш својата рака, кон мене да ме убиеш, јас не ќе кренам рака на тебе за да те убијам, од Алах, мој бог на светот, се плашам ...
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тука се родив, пораснав, замомчив, од тука одев во војни за славата на Алах, Султанот и Турција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Дури и Турците, кои како и христијаните кога ги слушнаа лелекањата на Јанческите дотрчаа на срецело, тие вооружени со пушки и со пиштоли, во тоа видоа божји знак и само велеа Ај Алах, Ај, Алах!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од тој ден уште повеќе се немтуросал, се замислил, и тој како и Селџик-бег бил смирен објаснувач на Коранот: Алах нѐ создал сите, само тој може да нѐ успокои.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, не беше тоа страв од проклетството на претците: со последниот свој здив пашата веруваше дека алах нема да казни никого, кој згрешил поради љубов!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Слава на алахот што простува гревови направени поради љубов!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Думав на валијата да му сторам ќејф со една џамија од моја страна, да ја кренам со мои луѓе и со мои пари, во слава на Алаха и на падишахот, само да ме остави намира”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама кажи ми ти сега мене, кој ги сотре сите оние пред нас? Само Алах, Исус, или пизмата човечка?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Алах те учи како да зборуваш, или си со ихтиза мене да ми замачкаш очи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кадијата чкртна со забите и му се заколна во големиот Алах дека ако го фати навистина ќе го дере и пече...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ама светот не го интересира тоа и затоа сакам да те прашам: ќе направиш една џамија во слава на Алах?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Кога шејтанот го споменува името на мојот алах, ќе се тркалаат глави. Прашав за Сафет-бег. Го познавате ли?“ Молчевме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Биди и Исус, и Алах и Далај. Создади се себеси одново. Прекрсти се.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Повеќе