Егеец м.

Егеец (м.)

И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште се работеше на зградата а таа влечеше малтер со една друга Егејка, исто, знаеше дека се почнуваа други згради подолу во бавчите и работа ќе има за неа сигурно до идната година, таа сепак појде до Трудот и потпраша за работа во Монополот, повикувајќи се на една белешка во која стоеше дека работела некое време во Монополот во Прилеп.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ноќта бргу падна, сијалиците го заменија сонцето во одајките и додека вечераа во кујната, со нурнат поглед во чинијата со манџа Пелагија го откри Егеецот Димостен, Влав од селата на Кожув Планина, човекот со дрвената нога, со убавото лице, со благиот глас, со косата што паѓа врз очите, рече додека тој се биел против фашистите со партизаните, го запалиле неговото село, со другите куќи изгорела и неговата куќа, ама во неговата куќа била неговата жена и деца и оти далеку во други планини со бојови зафатен за несреќата дознава дури кога и тој останал без една нога а се лекувал тука близу Скопје, во партизанската болница Катланово.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Носталгија не постои. Со гаранција. Измислена е од Егејците, за да имаат за што да им зборат на внуците.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
А тие, кои се сторија главни пак си останаа главни и тропаа секаде: ние Егејците. та ние Егејците, така што од тоа дури им се згади на Вардарците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
До крајот на есента се случија уште неколку работи за кои Егејците не можеа да најдат објаснување: Господ цела недела не си ги запре солзите и не само што се наполни коритото на Вардар, туку и сите улици, плоштади и подруми до железничкиот насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најпосле, и овде постоеше Одбор, го викаа Одборот на Егејците, ама овој Одбор не беше власт како оној во Гаково, туку колку да ги собира Егејците околу себе и да помага преку вистинската власт со социјална помош за старите, жените без мажи и за децата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека Пелагија беше зафатена со малечката и трите внучиња на Петра, Танаско го цапаше длабокиот снег низ градот и успеа да призне во сите местенца по предградијата на Скопје каде имаше засолнато Егејци и на крајот одлучи своето јато да го пресели под Калето, во Фестивална, односно, во задниот дел на Фестивална имаше едно слепо место што гледаше кон кривината на Вардар и голите дрвја на Паркот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ни си идел човекот додека не го донесе и последниот Егеец!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За секој случај, не само Чана и Роса кои навреме го исполнија ветувањето дадено на баба Петра и пред големите дождови го имаа ископано нејзиниот гроб, туку на дедо Господ му беа благодарни сите Егејци од населбата Мичурин што ги засолнал токму зад овој насип.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можам само да верувам дека нему му беше најтешко со тие егејски групашења, кои и денес ги има со нивните грижи за браќата и сестрите Егејци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Често пати не го ни дочекуваа Дончо, со вревата во ушите од другите Егејци исто така наседнати пред влезовите на дрвени столчиња, бегаа внатре и се предаваа на заморот и сонот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На едната страна Егејци, на другата Славо-македонци. Само затоа ли за да не бидат Македонци?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Врз огледалото во кои си ги гледаа суратите кутрите Егејци додека Нанчо ги лупеше со машината, навечер мижуркаше слаба светилка, ама за мене беше добра за да поднаучам уште нешто кога немаше муштерии.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Никој друг, туку Чана ја рашири веста со својата гласна и широка уста, па така, додека се чекаше да дојде Новата година сите Егејци дојдени од Војводина мислеа на Димостен и на неговите страдања воопшто.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој денот го поминуваше на падините на Водно каде со некои други луѓе ( Со Шиптари и Егејци велеше) садеа нова шума, а жена му животот го скусуваше во лешочкиот санаториум.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Народот се подели. Беа Вардарци и Егејци, а меѓу нив Власи, Ѓупци, Цигани, Срби, Арнаути.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пелагија само климнува Така е, мајко Персо, во нејзиното срце има место за многумина, за сите Егејци, како и во твоето! Перса длабоко издишува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зарем е возможно сите семејни приказни за Егејците да се едната иста само различно пренесена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)