Рим (име.)

Тој понижувачки пораз и незапреното повлекување на италијанската војска на албанска територија што командата во Рим и самиот Мусолини ги доведуваше до лудило, беше прекинат со нападот на Германија врз Грција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Овој пат се градел во времето на Римската Империја со цел Рим, преку Балканот, да се поврзе со Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поза Додека месечината од мракот парампарче прави во нас несвесното е распослано како освојувачот пред Рим кајшто сите патишта водат тој што во тебе бара сличности со историски ликови фрески соѕвездија твој домородец е варварин биди испади го биди на оваа гозба нема ни мудрости ни шлаканици ќе се сликаме голи и гладни додека ги јадеме животот и лебот на љубовта и за твојот и за нивниот мирен сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И навистина: само по неколку дена Рим прилегаше на една бесконечна клада. Останаа само неколку коњи на Аларах и песната на неговите варвари дури беа живи: Високо црно ѕвоно скриено во заборавот! ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога стигнавме во Рим, нѐ пречекаа со музика и со цвеќе. Ти некако стоеше настрана!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И Господ Бог благоволи да почине неговото пречесно тело во Рим.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Тој знаеше дека постои тајна организација, но знаеше дека има и друга сорта арамии за пари, та ја поостри будноста да ја запази имовината на своите чорбаџии од Рим и Париз.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа беше Театарот, старо здание градено во псевдокласичен стил небаре пресадено овде во средиштето на Балканот од Виена, од Рим или од Париз!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа било искористено од Цариградската патријаршија за агитација пред османлиските власти барајќи укинување на Архиепископијата, претставувајќи ја пред Високата Порта како орудие на Австрија и на Рим, што на крајот резултирало со нејзиното укинување во јануари 1767 со специјално султанско ираде.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Писмото даваше објаснување: “Би сакал да ја искористиш приложената слика, која ме покажува при мојата омилена активност: миење чинии за жена ми во Рим.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А се сеќаваш кога ја ондулирав за прв пат косата во Рим? – Како да не се сеќавам!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка, охрабрена од смирувањето на Татко, стана, го засили гласот на радиото во форма на паун, од кое се ширеше тивка музика, па продолжи со нежен, ведар глас: – Се сеќаваш ли, мили, се навестуваше крајот на зимата на 1939 година, беше чинам крајот на февруари, пролетта се насетуваше во воздухот кога дојде дома, еден ден, со писмо од градоначалството, испратено за нас, од Тирана, упатено на мое име? – Се сеќавам, како да не се сеќавам. Писмото беше адресирано од Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рим презел нова офанзива против Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Движењата на екстремната десница добива страшна сила: Национал-социјалистите на Хитлер се сѐ појаки, ја присоединија Австрија кон себе, Хитлер беше во Рим, Мусолини воведе антисемитски закони.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не знам дали таа некогаш се врати во Рим...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Рим преторијанската гарда била основана пред две илјади години од императорот Октавијан, наследникот на Јулиј Цезар.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако не знаел, зошто тогаш последните зборови до мене, кога заспивал во Господа, во светлозрачниот Рим, на четиринаесеттиот ден од месец февруари, на вториот индикт од создавањето на светот, шест илјади триста седумдесет и седмата година, ги запишал на писмо, на книга стуткана, со својот ситен, неубав краснопис, и рекол: „Ова да му го дадете на отец Иларион.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И замина за Рим, да бара некој нов папок на светот, нов центар на вселената.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога беше со Татко на единственото патување во Италија уште во 1939 година, во една делегација на надежната младина на Албанија, ѝ се случувало на разни свечености во Рим, Бари и Венеција да ѝ ѝ бакнуваат рака.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе