авенија ж.

авенија (ж.)

Натамошниот тек на авенијата е во изградба и крајот не се гледа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Транспортерот се покрена всушност уште кога излегував од Авенијата на палмите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
После изливот на реките по расположливите природни пространства и напливот на атмосферските води по улиците на населените места по целиот Балкан, во соседна Бугарија, на една од централните авении на главниот град, деновиве била регистрирана присутност на рекичка начинета од големи творечки имиња од областа на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се шетам по Петтата Авенија и наеднаш зградите се уриваат како да се од карти...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Весниците се полни со среќа, по тротоарите талка висока лесноумност, а издувните гасови ги покриваат авениите небаре автомобилите се движат на прдежи од грав.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Онаму каде што една од тие радијални авении се вкрстуваше со периферниот автопат, која формираше свод во форма на виножито, во предградието на големиот град, се наоѓаше една општина, со своја самоуправа и независност од градот, а сепак таа се прихрануваше, како најоддалечен грозд на винова лоза, благо откачен од ластарот, што ја шмука својата хранлива материја од главното стебло до земјата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ Авенијата на палмите, крај градината на резиденцијата во која повеќе го немаше градинарот Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На главната врата од резиденцијата, во авенијата на симетрично наредените палми, живи каријатиди на медитеранскиот пејзаж, го сретнав градинарот Раиз, како си го завршува работниот ден.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години имаше гостилница за храна, потоа имаше и скараџилница на една од ѕвездестите авении во градот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
XI Од ретровизорот на мерцедесот сѐ уште ги гледав децата како ми мавтаа со рачињата крај нивната мајка, додека свртувајќи десно ја напуштав Авенијата на палмите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Минувавме крај претседателската палата, по авенијата која пред една година, додека владееше стариот Бургиба, беше блокирана поради утринските прошетки на стариот владетел, кој требаше да влее оптимизам и надеж на нацијата!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Авенија на виножитата. Мост на добрите надежи. Фонтаната на росата. Плоштад на човечноста...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Полициската кола тргна по празните авении, осветлувајќи ја со своето светло есенската измаглина што се распростираше низ улиците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Осмоаголните форми на црквата и камбанаријата многу успешно се вклопени во целата модернистичка архитектура, со која изобилува главната авенија на Западен Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога стигнав до главната порта на амбасадата која беше добро затворена, но јас го имав бипот за отворање на гаражата, транспортерот ме одмина, продолжи кон главната авенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Меѓу вашингтонскиот монумент и Холокауст центарот се истегнува огромната авенија Индипенденс, а на другата страна, зад обелискот, авенијата Конститјушн по кои циркулира жив автомобилски сообраќај.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
18. Над тој дел на Осмата авенија брегот се издига како некаква блескава, огромна деловна зграда.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека уметниците концептуалисти од седумдесеттите прашањето за улогата на телото радикално го доведуваа во прашање со постапки како што се ползење по скршено стакло долж главната авенија на Вашингтон - станува збор за хепенингот на речиси голиот Крис Бардон, или пак неговото прострелување на раката со огнено оружје во една галерија, модерните примитивци најнапред практикуваат обредни техники од ритуалите на тн. примитивни, со политика и религија неидеологизирани општества и култури.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Остануваше да се доближиме до главниот влез на резиденцијата, низ Авенијата на палмите. И тука војник до војник.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе