авлија ж.

авлија (ж.)

Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Куќата што ја изнајмивме беше двокрилна со долга авлија и со големи истурени чардаци, од кои убаво се гледаше Езерото и реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш имаше само неколку бели куќи оградени со висока авлија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од авлијата веќе идеше миризбата на големата пита тикуш под врелиот сач околу кој стоеше Мајка вадејќи жарчиња од пепелта и ставајќи ги на голите места на врелиот метал.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние со него, како деца, којзнае колку пати се имавме качувано на таа авлија за да гледаме кон сред село да не здогледаме нешто интересно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неколку пати нѐ пушти на починка, но ни забрани да излеземе од манастирската авлија надвор.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Околу куќарката имаше двор ограден со ѕидана авлија висока околу еден метар и со кренати ѕидани столбови меѓу кои имаше врамени жичани мрежи, сега разурнати и ’рѓосани, со малтерот испаднат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Висока авлија ѕидана со камен. Едното крило од дебелата дабова порта искршено со секира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Средно високи авлии од камен и во секој двор – лозница и бунар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Клупата е веднаш под високата авлија преку која ни највисок човек не би можел да погледа преку, на улица. Дотаму е моето излегување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ветрецот носи мирис на топла вечера од некоја од околните авлии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Со брз опул ги забележа и гавазот и Бошко надвор од авлијата, кои ги држеа уздите на коњите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Како секоја вечер, така и оваа, по навика, прво однатре ја залостив портата од дворот ограден со висока авлија.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во авлијата два вековни чинари фрлаа дебели сенки врз сметената калдрма, а црквата беше в чело, вдлабена во гранитната карпа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Паметам дека „мојата” куќа, нека ја наречеме така, зашто навистина беше таква што тогаш и сега, ја чувствувам како своја, беше ниска, само со приземје, покриена со керамиди, опкружена со висока авлија и голем двор со многу разновидно цвеќе и тукушто расцутени трендафили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Братучедите како да се чуваа да не видат некој срам, се свртеа кон грб кон врата и гледаа преку авлијата кон зајдисонцето каде што небото со стемнувањето потемнуваше добивајќи ја мрачната боја на дното на езерото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Старата беговска куќа, градена пред двесте години, во низата други слични куќи крај реката, имаше приземје и кат, со убав издаден чардак, авлија која водеше кон убаво средената бавча со насадени цвеќиња во првиот дел и со зарзават во другиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе