активен прид.

активен (прид.)

Но американското тело, убаво, здраво и така бесцелно... со тие бицепси и трицепси, палаво, активно и грациозно како кобра...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не можеме да ја превидиме новата порака на квантните истражувања, според кои свеста игра активна и неделива улога во она што го познаваме како физички универзум.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Билбордите не се пасивни елементи во урбаниот пејзаж; тие активно го мамат окото и имаат тенденција да доминираат со визуелното поле.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во 1903 се вбројуваше меѓу активните публицисти од Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но многу брзо сфатив дека и мислата напати е спремна да го поддржи она што ќе се искаже повеќе интуитивно одошто со активна размисла.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Децата се среќни во виртуелен свет на школо се активни, добивајќи пет па пет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
110. Како активен учесник во сите овие манифестации на младата македонска интелигенција, Мисирков навистина точно ги предава настаните што може наполно да се следат во постојната архивска документација во Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Љубовта е комплементарна енергија и активен дијалог.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нирвана уз пиво у кофа Мушката забава и занимација се дели на активна и пасивна.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Престојот во руската престолнина, активното следење на европскиот печат и живиот допир со европската дипломатија во Битола (и посебно со руската, особено по враќањето од Македонија) му овозможија на Мисирков појасно да ги согледа и оние моменти што не беа видливи низ чадот на секојдневните борби на револуционерите. 49.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Активен учесник во напредното младинско движење на Правниот факултет во Белград и во Велес и учесник во НОБ од 1941 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И покрај внатрешниот немир, а веројатно и грижата на совест поради напуштањето на своето татково огниште и поради избегнувањето да земе активна улога во акциите за самобитноста на Македонија, Христов со своето творештво, кое од алфа до омега е поврзано со Македонија и дијаспората, гради свој морален интегритет во својата втора „посвоена“ татковина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Активната е помалку застапена и се состои од спорадично и доумерено играње баскет и фудбал во доцните вечерни саати.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кај нас е забележлив извесен подем во културната сфера: поголем број активни луѓе, различни типови мислења...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
По својата форма на формирање СОЕ претставувала хибрид формиран од повеќе одделни организации кои биле формирани за таа цел: од секција Д како дел од тајната известителна служба (Secret Intelligence Service-SIS), задолжена за изведување на саботажи и која била активна на Балканот пред 1941 година; МИР дел од воениот кабинет и Elektra House, задолжен за пропагандна активност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со умствениот, физичкиот и емоционалниот капацитет обидувајте се да набљудувате, но не пасивно, бидете активни учесници во секој момент од животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повеќе