алтернативен прид.

алтернативен (прид.)

Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од онаа страна на ѕидот Од оваа страна на ѕидот Ѕид прегратка Ѕид за кршење глава Ѕид магија Берлински ѕид Ѕид фуснота Ѕид без ѕирка и проѕирка Ѕид пророк Алтернативен ѕид
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Со силно разбирање на јавниот контекст, неговото впишување на алтернативни семиотички содржини во градот преку интервенции во јавниот простор воспоставува нов тип на однос помеѓу урбаната топографија и јавната уметност. 5.4.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во окружувањето со компјутеризираните алтернативни светови, судбински се менува и топосот на уметноста, бидејќи уметничките облици настануваат со помош на дигитализација, а егзактните научни дисциплини веќе не можат да се раздвојат од уметноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ефектите од културното попречување се двојни: тоа привлекува критичко внимание кон оригиналната порака, истовремено отворајќи простор за нови и алтернативни значења.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Кога тоа ќе се случи, мозокот веќе не може да ги отфрла алтернативните специјални вектори.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Преку ова позајмување на структурите од литературата, открив дека ревизијата на мотивот на реактивирањето на алтернативните приказни и знаења е посебно „ослободувачка“ за индивидуата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Уметникот, исто како и шаманот или монахот, поминува низ многу искушенија пред да ја верифицира својата концепција за гениј, адепт или светител (Божји лудак); патиштата низ кои сите нив ги влечат донесените одлуки се подземни, алтернативни, често пати бескомпромисни и согласно на тоа губитнички.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нему, како дотогаш неосудувано лице и фамилијарен човек, му беше одредена алтернативна мерка условна осуда од шест месеци казна затвор, со напомена дека оваа затворска санкција нема да се изврши доколку осудениот, во рок од наредни две години, не стори ново 201 кривично дело.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ворхол создаде особена митологија собирајќи ги претставниците на њујоршката алтернативна сцена под еден кров.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Смислата за локација, за мене мора да смета со присеќавањето, или развитокот на алтернативни генеалогии.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
За разлика од некои современи режисери кои сопствената позиција на алтернативни творци ја оправдуваат со своето уживачко и разорно впуштање во општите феномени и изразите од општествените маргини, Гринавеј му е посветен на потиснатото дејство на моќта на сликата и приказната од баштината на западната европска култура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали на пример, државата треба да ја субвенционира „алтернативната“ култура? Зошто би ја субвенционирала? Или, кој е „вкусот” на државата?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој има талент на вродена авторитарност (пак типично за еден балкански лидер, т.е. како што велите вие, господине Бузони - „гуру“) која просто се наметнува, особено кон адолесцентите, но богами и кон алтернативните интелектуалци, пософистицираните бирократи, па дури и кај бунтовните пензионери. Тоа е еден пример.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Може да се направи алтернативна стратегија или сѐ останува до личната кондиција, издржливост и праг на дразба?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тие предизвикуваат љубопитност кај терапевтот и кај клиентите, за алтернативните модуси на постоење. Тоа не е било каква љубопитност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие не се носители на еманципацијата, како Парсифал или Прометеј, ниту носители на алтернативната иднина, ниту политички се „секси”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во суштина, киберпанкерите за хакерите се она што јапите беа за хипиците - политички, трезвени, световни верзии на алтернативната култура.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Повеќе