аманет м.

аманет (м.)

Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Го преземав можеби ризично делот од непишаниот татков аманет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ги зеде тој уште двете лири од аманетот на татка ѝ на Трајанка, направи триста други зулуми сѐ додека еден ден не ја зеде работата во свои раце дедо Геро војводата и неговите двајца комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му оставил аманет на пријателот да му ја чува вереницата. Поминувале денови.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тие пет лири беа тежок аманет. И пратени за среќа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не ги додржа солзите дури на крајот кога човекот ја извади петолирката и ѝ рече: - А овие пет лири аманет ти се за среќа на Трајанка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А таа им рече: - Аманетот на мажа ми за среќа не бил, но белки за добро арен ќе биде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не сум сигурен колку една ваква последица, каква што е спречувањето да се појави насмевката, може да се земе како причина што ќе разјасни одредени случувања, но знам дека токму појавувањето на твојата насмевка на моето лице, ја чувствував како обврска. Како еден вид аманет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу сите изговори што Мајка ни ги кажуваше за да го оправда заминувањето, беше главно аманетот што ѝ го оставил Татко, никогаш да не си ја напушта куќата, никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се вратил крај Езерото почитувајќи го аманетот на својот татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Долго време размислувам за мајчиниот аманет пред патувањето да се видам со нејзиниот преостанат брат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ми беше оставена во некаков семеен аманет на дотолкување татковата потрага по патот на јагулите, како наследена парадигма, со сета реалност и мистичност, небаре во проверба на времето, во кое беше свесен дека нема да стигне.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Раскажуваше приказни со сладок вкус кои ја топлеа душата кога од селска стана градска, а пееше како славеј една песна за гугутката што им ја остави во наследство, со аманет да ја пеат по слави и свадби.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неговото височество и офицерите го заборавија драмскиот аманет - Чувајте ми ја Југославија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека ги прелистував овие книги, се сетив на последниот Мајкин аманет, за кој ми велеше дека бил и Татков, дека само преку книгите, Татковите книги, било можно враќањето на другиот брег од егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во Југославија, во врвното раководство, кое го означуваше крајот на Титовата генерација, со аманет да го сочува самоуправниот социјализам, братството и единството, како и неврзаната политика, веќе се насетуваше центрипеталната националистичка контаминација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Колку и да се пластеа подоцна во мојата свест албанскиот мајчин јазик, македонскиот јазик на моето школување во Македонија со другите јазици како и српско-хрватскиот, бугарскиот, па францускиот, италјанскиот, германскиот, другите јазици на моето школување, остана жив засекогаш бабиниот аманет од заборавениот турски јазик, бабината синтагма а kapi, во која како да беа содржани пораките на сите учени и недоучени јазици!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе