април м.
априлски прид.

април (м.)

Од април до мај не врзуваш крај но празникот мора да остане нај на банката камата огромна дај и пак отпочеток рмбај и трај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ни јавуваат дека во април се одржал Дванаесеттиот пленум на грчката партија на кој сме рехабилитирани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беше април и некој веруваше дека првин ќе завладее добата на љубовта.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се сеќавам, беше април. Не знам колку деца точно бевме од нашето село.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше едноставен, тивок, умерено срдечен и нагласено службен во изложувањето на задачата што ми ја даде: до крајот на април да поднесам извештај за првото тримесечје во вид на лични согледувања на постигнатото и за методологијата на работа со евентуални сугестии за натамошното дејствување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Еден дел од широкиот двор беше покриен со лозници и насекаде имаше цвеќиња: во предниот дел од дворот во март месец по земјата се ширеа бели и розови зумбули, во април потокалови и црвени лалиња, а над нив се извиваа тенките но густи како букети - бели и лилави јорговани кои расцутуваа во мај, додека преку целото лето низ дворот се ширеа бели маргаритки.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Беше избран Президиум на Народното собрание кој на 16 април ја именува Првата Влада на федерална Македонија, кооптира нови членови во Народното собрание и именува членови во Федералниот суд на Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На 6 април Грција беше нападната и од Германија, а на 28 истиот месец грчката војска потпиша капитулација.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш во Пионерскиот дом почнавме да се подготвуваме за Првомајската парада и веќе знаевме дека не е убаво да се лаже ни за први април оти тој што лаже и краде и цел живот ќе има вошки и ќе носи ѕиври.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сеопфатни промени кои ги засегаат и правата од работен однос настанаа со донесувањето на промените од април 2006 година донесува.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова се случувало во јасен пролетен ден, еден од првите во април, поточно на вториот или трет ден од кусата априлска војна во 1941 година што го означи крајот на кралството Југославија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со тоа, во периодот од 6 до 10 април 1941 година, и поради прекинувањето на телекомуникациската мрежа, Кралството Југославија била отсечена од надворешниот свет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Подготовките на бугарскиот окупатор во договор со Германците за офанзива на овој терен започнуваат во текот на април 1944 година.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Некаде кон априлија слезе господ и снегот почна да попушта, да олабавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На гробот на Изет Сарајлиќ Оној ветерничав април кога спука во Сараево ми рече по телефон дека сепак не можам да ти го испратам она што најмногу би ти се нашло - една вреќичка компири.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
О војската на април мртва лежи помеѓу овој и оној срт!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кон средината на април го добив првото писмо од жена ми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вистина април е, снегот на половина слезен, ама ветерот уште си работи по зимски.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе