арам (м.)

Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Според муслиманската вера арам е сѐ што е забрането, спротивно од алал, што значи на арапски сѐ што е дозволено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Арам да ми е вака што зборувам, ама од тој смрдле и селанчиште не ќе барав спас, да не беше најголемата мака што ме јаде, оче.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Чекај султанот да дојде и да замине, чабук ќе пратам во Кожле, во синџири да ти ја донесат. Арам да ми е ако не го сторам тоа.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да ми се живи! Море, кога не и оставиле да висат на јаб'кницата арам да му е верата турцка! — дури им се изнарадува Толе на постраданите витоливци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)