армиски (прид.)
За време на демократијата беше армиски офицер и клучна фигура во организирањето на гардата како полу – воена единица којашто треба да го создаде и контролира новиот поредок во земјата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како на некој од север, обичниот, униформен армиски нагласок ми изгледаше како „јужњачки“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)