артерија (ж.)
Интравенозната употреба може да предизвика гноење и гангрена во случај по грешка да се вшприца во артерија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа крива и дупчеста артерија го завршува градот, избива во друм покрај Вардар и се губи на голиот рид.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Париското метро е најбрзото превозно средство, зашто преголемиот број на автомобили толку многу ги задушува улиците, особено главните сообраќајни артерии, што во определени часови од денот оваа река од коли просто лази, додека истоврмено под земјата, низ безброј испреплеткани лавиринти и тунели, се движат електрични возови со кои побрзо се доаѓа до целта отколку со најлуксузните и најбрзите автомобили.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ми велеа дека преку Рајна минуваат петнасет моста, а по Рајна деноноќно се влечат бродови, најмногу товарни и таа денес е главна сообраќајна артерија, главна, за превоз на стоки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тој е претворен во огромно градилиште во кое се наѕираат нови улици, авении, плоштади нова архитектура, која целосно ќе се разликува од таа на „Карл Марксовата Авенија“, денес единствено оформена артерија во Источен Берлин...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како жртва на јапонски микробионички експерти кои вметнуваат минијатурни кеси со микро токсин од времето на руските војни во неговите артерии, Кејс страда од бавна смрт.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Скршени стакла патуваат низ артерии облечени во атоми од црвени драперии.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За Солун се вели дека е шумен град, но шумот овде има свои граници и се чувствува само во неговите центри и во главните сообраќајни артерии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во секој случај тоа не се органи – срце, артерии, црева – туку нешто во создавање, ембрионална форма што се дополнува, се гризе самата себе.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Не е слепо црево зафрлено на приграничната периферија, туку широко отворена порта и осветлен канал низ кој дење и ноќе се претура синџир од камиони, автобуси, патнички коли, отворена артерија која води кон светот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Берлин, се чини, нема ниту крај, ниту почеток, се протегнал од крајот на светот, или до оние ѕидишта кај „Бранденбуршката капија“, односно од „Рајхстагот“, каде што е поставена вештачката граница на градот, каде што се пресечени неговите животни артерии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, сепак, на неговата најневралгична артерија- по улицата која води кон врвот „Мон Валеријан“, каде што болницата „Фош“, можеби безброј пати, и дење и ноќе, се разнесува пискотливиот и морничав звук на болничките коли, кои јурат со вратоломна брзина носејќи болни за чиј живот секоја секунда е пресудна а кој можеби, ќе им го спаси професорот Гио или некој друг хирург.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во неа се наоѓа срцето на градот - неговите артерии, главната железничка станица, најубавите булевари и авении и хотели.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И нема срце и нема артерии, до тебе наклукана со секакви батерии.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Улицата откај станицата е преправена, сета е асфалтирана и претворена во широк булевар, се протега во недоглед и таа е главната артерија преку која овој град се поврзува со Југославија и Европа, како и со Атина, и со патиштата кои Грција ја врзуваат со Софија и Истанбул.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)