атипичен прид.

атипичен (прид.)

Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според нив, договорот за вработување на определено време е „атипичен договор“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со мојата аверзија кон оружјето, но и кон убивањето на невините животни, јас бев навистина атипичен за средината во која требаше да се покаже комплетен капацитет и компетентност. Но не бев осамен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)