бегум (прил.)
Сонцето им ги отвори очите на верниците, светлината им го подозеде стравот и уплавот и сите прснаа бегум кон градот, кон своите домови.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И така, претпазливо и со влечкање се доближи до кучето припивајќи ги мачињата околу себе и држејќи го кучето на нишан, постоја неколку мига, а потоа забрзано, бегум, мина крај него со мачињата кои не сфаќаа во каква опасност се наоѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)