бендиса св.

бендиса (св.)

Јас реков тогаш дека таква е вистината, којашто не ќе им се бендиса на мнозина, но јас не можам да го зборувам она што ќе му се бендиса на некого, туку она што е свршена работа, со која порано или подоцна ќе треба да сметаат јужните Словени, па затоа е нужно да се знае новото течење сред Македонците за да се определат јасно односите на јужните Словени кон него и да се избегне бесполезната и штетна борба помеѓу нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Издавањето на овој весник не можеше да им се бендиса на српските шовинисти, затоа српските весници подигнаа шум против издавањето на „Балкански гласник” обвинувајќи го неговиот редактор за сочувство на македонските комитети, како резултат на кое тој беше протеран од Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако се осветлат тие како што се, тоа не ќе му се бендиса на комитетот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа наредба не им се бендиса на двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Сега децата ќе јадат млака лубеница и нема да им се бендиса!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Најмногу ми се бендиса една црвена роза и под неа текстот: -Не барај од животот со многу рози да ти ја постеле патеката; ќе остане многу трње откако розите ќе овенат...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Заедно на вода, на река; по орото заедно си седеа и многу си ги бендисаа табиетите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Му се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
92. Но тоа духовно движење на Македонците не ѝ се бендиса на бугарската стамболовска влада, којашто забрани да се издава „Лоза“ и фати да ги гони Македонците сепаратисти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На Толета му се бендисаа сите тие новини и утринта стана поразведрен.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ги направил ги испулил, ги испулил, ама не ги бендисал.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Ако беше седнал со некои млади момчиња можеби немаше толку да ѝ се бендиса.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За наталитетот и абортусот Ова со наталитетот многу ме бендиса.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми го лапна лозјето, ламња ненаситна: го бендиса...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
2. ЧОВЕК АКО САМ НЕ СЕ БЕНДИСА, ЌЕ СЕ УБИЕ ВЕДНАШ - еј, нарциси, самољупци, да се обединиме е редно, задачата многуцветна се наложува и пред нас: сите свои бендисувања да ги здружиме во едно!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Јас, пак, не се омажив, висок критериум или носталгија кон земјата (онаа во саксијата). Или не бендисав ниту еден од Хелмутовци.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Знам – рече Ѕвезда и продолжи: - Оти не си ја бендисал работата, дедо Господ фатил да се мисли... - Така – ѝ рече Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Да гледаме да го ставиме чорбаџи Теодос со неа, да ја види, да позборува, па може да ја бендиса и да му омили.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А најважното беше тоа што Митра не беше турска посестрима, та Толе не се гнасеше од неа. Таа и таква Митра му се бендиса на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе