берберница ж.

берберница (ж.)

Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неговото стражарење пред берберницата доби сосем нова смисла.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој е одамна секидневен посетител на берберницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И биди спокоен. Ние сме изолирани за нејзиниот електрицитет.“ Зеленото момче престана да штука и да пушта од себе необични мириси на берберница и ефтина кујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
За гемиџиите, во случајов исклучиво важна била визбата на берберницата, којашто се наоѓа на 1,5 метри под рамништето на улицата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Зашто наскоро по тој договор сите постојани посетители на Боцевата берберница ја знаеја неговата тајна, иако тој не можеше да ја сети промената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Понеделник е, и тој знае дека берберницата не е отворена, Боце сигурно отишол со децата на тутун.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не му дојде ова случајно, а поради тоа што во Боцевата берберница често навраќаше месниот уметник самоук Мишевски, носејќи го понекогаш важно под мишка и својот блок.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На старците што покрај Боцета се збираа во берберницата тој им беше најблизок меѓу младежта што се вртка тука, ги имаше тој нив како за другари, на кои не им е крив дека ги нашла несреќата да побелат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Старото дуќанче, берберницата, било зафатено од друг и, според тоа, можноста да се исползува ископаниот канал отпаднала.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еднаш неговиот сопствен син Арак трчаше осум блока до берберницата каде што татко му ги поткаструваше мустаќите, за да му каже дека куќата им е во пламен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Берберницата е најстара во градот; пред да ја отвори Боце, берберската работа се вршела на сокак - муштериите седнувале на самар и сами си го држеле ваганот со вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не ќе може да ја помине целата зима во приземјето на музејот каде имаат изградено макета на градот како што бил на почетокот, со пени-бонбони продавницата и 10-пени берберницата и бањи за четврт долар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го држеше надежта дека може, кога мине пред Боцевата берберница, да ѝ испадне случајно нешто од чантата или од џепчето и тогаш тој сосем лесно и незабележано од никого ќе се здобие со една драгоценост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Но некаква сила пак го крена и тој се зашантра, црвенејќи во одењето, накај вратата од берберницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе