бит (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во старите пописни книги на населението и имотот, во тевтерите на воените и даночните обврзници, па во хрисовулите на византиските императори, Потковицата се споменува како феуд или црковен посед, а во ферманите на турските султани, испраќани во врска со собирањето на даноците, со ајдутите, со побуните и казнените експедиции, како султански имот, Хас чифлиг, под името Загориче, кој, најверојатно, зашто се најдува точно на границата помеѓу Битолско и Прилепско Поле во различни времиња потпаѓал под управа де на едниот де на другиот град, но за луѓето кои живееле тука, за нивната раса, религија и бит ништо не се споменувала.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во нивниот бит, во нивните меѓусебни општења, во верската традиција и празнувањата, многу нешто се задржало од паганските славјански времиња.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          4. Дални дланки: и ум и усет
   и бит и битка.
Две на еден човек
   на едно лице.
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Мајсторот на театарот на апсурдот, со поглед секогаш свртен кон големите теми на времето и битот - фанатизмот, страданието и смртта, се плаши од она што ќе им го остави на своите најблиски откако ќе се раздели со светот на живите.
        
      
    
    
    
      „Календар за годините што поминале“
         од Трајче Кацаров 
        (2012)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Универзалноста на 0 и 1 во магијата и религијата - Јин и Јанг, - денес се манифестира    во дигиталните сигнали, двата бита кои се во основа на примената на сите дигитални    програми во светот на нашите мозоци и во нашите оперативни дискови.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 32-33“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и    ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 29-31“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Хирурзите се жалат на губењето на непосредниот контакт, како пациентот да им се измолкнува испарувајќи во фантом од битови и бајти. okno.mk | Margina #15-16 [1995]                                                                   53 
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)