буржоазија ж.

буржоазија (ж.)

Апологет на една крајно вулгарна но и најомасовена перцепција на реалноста така типична за необразованите и медиокритетски маси, пред сѐ за селаните, работниците и ситната буржоазија според која материјата и нејзините модалитети како и интеракции се единствената евидентност на постоењето и единствен фактор на личната и колективната засегнатост.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа борба бугарската буржоазија ја искористила за да го прошири своето влијание во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Не е тешко да се замисли какви цврсти врски создава поради тоа финансискиот капитал – и неговиот верен „пријател“, дипломатијата – на Англија со буржоазијата на Аргентина, со раководните кругови на целиот нејзин економски и политички живот.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Првиот е либералното потекло на неговото семејство, отворено за уметноста (татко му бил скулптор), а вториот родниот град Келн, полн контрасти меѓу католичката буржоазија и „црвениот“ пролетаријат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се разбира дека е во интерес, на пр., на германската буржоазија, кон која сега всушност премина Кауцки во своите теоретски резонирања (за тоа уште ќе стане збор подолу), да се заташкува содржината на денешната економска борба (поделбата на светот) и да се подвлекува ту едната ту другата форма на таа борба.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Енгелс, на пр., му пишуваше на Маркса на 7 октомври 1858 г.: „Англискиот пролетаријат фактички сѐ повеќе и повеќе се буржоазира, така што најбуржоаска нација сака, изгледа, на крајот на краиштата да ја доведе работата дотаму да има буржоаска аристократија и буржоаски пролетаријат покрај буржоазијата.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„ Лакеи!“ ќе речеше, „Лакеи на буржоазијата! Подлизурковци на владејачката класа!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овие дејци, како и народните училишта во Македонија, биле во постојана борба со грчката буржоазија и свештенство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тоа придонело за формирање на нов слој меѓу населението - македонска буржоазија која како приоритетна потреба го истакнала јазикот, потоа писменоста итн.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А се работи, се разбира, не за германската, туку за светската буржоазија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)