вароса св.

вароса (св.)

Ѕид ѕидосан, вар варосан - умот трпи сѐ додека може да поднесе.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѕид варосан Ѕид што сонува Ѕид од плитари Ѕид што прашува Ѕид без одговор
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Црквичето оддалеку ни личи на камен варосан и закачен на врвот од брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја подновуваат со гласот што им ѕвони ко варосано одајче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Две момчиња го варосуваа белото лице на осаменото кафеанче.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Некои ги варосуваат и покривите од куќите и гумната и плотовите и мовчињата на реката, на јазовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сепак тоа беше заблуда и не потраа долго, ѕидот, набргу беше бело варосан и насекаде на неговата површина испишавме црвени пароли.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако продолжи времево да биде вака топло, некаде сред недела ќе треба да се извадат пампурите од одаите и да се варосаат куќите, и однатре и однадвор. ..
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе донесе Доксим Тренчески катран и ние ќе ги измачкаме вратите, добиците а кога ќе видиме дека катранот не помага, почнуваме да се варосуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овде сега се вршат последните подготовки: хотелите се отвораат, собите се чистат и варосуваат, мебелот се проверува и поставува во нов аранмжман, хотелиерите се на своите места...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И пак работеше: вршеше, вееше, ронеше пченка, колеше свиња и на децата им ја бацуваше чурилката, за да не се мочаат в постела. Ја варосуваше куќата, одеше в црква, ветуваше масло и свеќи и се крстеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Коријата преку поточето, кое постоеше некаде под снегот, но не се гледаше, изгледаше сосем необично, како лошо варосан ѕид.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Гаснеме вар во дупки, во котли, во корита, во копанки и варосуваме сѐ: и собите и вратите и праговите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А лицето ѝ е бело, небаре варосано ѕитче. Мислиш спие жената.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бело е варосана и рамно од подот и покрај ѕидовите има подѕидови, исто бело варосани и послани со веленца и рогузини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старинска македонска соба, видна и сино варосана.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За да се одбранат од бубачки и за празникот, за Велигден, и дрвјата ќе треба да се варосаат, одоздола од земјата и дури догоре, до гранките.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред мене се редат куќи и улици, училиште селско, варосано, чисто, о, спомени детски, одбегнати птици, ко детулче каде јас сум учел писмо!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Повеќе