генерален (прид.)
Србите им ги предадоа своите интереси во Македонија на свои конзулства и генерални конзулства.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во посебно сеќавање ни остана на сите присутни амбасадори од стотина земји предавањето на тогашниот Претседател на претседателството на СФРЈ Лазар Мојсов и претседател во еден период на Генералното собрание на Обединетите нации. Го сметаа за еден од великаните на југословенската дипломатија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Замислите си куќа во која не се прави генерално чистење.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Битола се избира за резиденција на генералниот инспектор за Македонија и неговите советници – цивилните агенти.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Побарав итна работна средба со генералниот секретар во министерството за надворешни работи.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Новите реформи кои предвидуваа во модернизираните воени единици да се сочуваат зачуваат само најдобрите јаничарски трупи, доведоа до нивна нова генерална побуна кога тие на 15 јуни 1826 година ја запалија палатата на големиот везир и ги бараа главите на реформаторите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Размислував за оваа позиција на генералниот секретар која никако да фати корен во нашата дипломатска традиција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Откако расчистија кои генерални западни идеи му недостигаат на Балканот, а тие беа во книгите на нивните библиотеки, заробени во лавиринт, откако му реферираше на Камилски, Татко според своите источни книги, за лавиринтот според источните монотеистички религии, посебно се задржа на Кабалата: Кабалата уверуваше Татко трага по скриените патишта на мудроста со зближување на зборови со навидум мошне оддалечени значења, споредувајќи ги нумеричките вредности на нивните букви.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Следеше генерално миење на нозе, раце, лице и заби со многу студената вода.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Кога ме виде генералниот секретар како влегувам во кабинетот, откако срдечно ме поздрави, веднаш ми рече: - Какво добро ве носи во ова време во нашата Казба!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Според статистиката на францускиот генерален конзул во Солун Стег, градот на преминот во XX век броел околу 120.000 жители, од кои околу 70.000 Евреи.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Малку подоцна тука се нашол и самиот генерален конзул на Франција, Стег.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Веројатно, бурата и магнетните сили, кои при тоа се создаваат, се во „врска”- со генералната наредба која струи до сите јагули како повик за да го започнат големиот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако бугарските трговски агентства во Македонија се благодејание за нас, тогаш српските генерални конзулства сѐ уште поголемо. – Бугарите ни го поддржале востанието. И Србите го поддржуваа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но логиката дека амбасадорот во релацијата со претседателот односно монархот, му служи на народот, а не на режимот, чини и од генералниот секретар посебно одговорна личност на институцијата без запрен континуитет при политичките промени. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
— Должен сум, вели, да ви ја соопштам тажната вест дека почина генералниот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, таткото на народот и нашиот голем учител и водач, генералисимус Јосиф Висарионович Сталин.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Зар не правиме генерално чистење на нашиот дом, исто така.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во споменатиот извештај до министерот за надворешни работи Делкасе, тоа тој посебно го истакнува: „Но, јас морам да им оддадам признание за напорите сторени од страна на нашиот генерален гувернер, за да го задржи настрана муслиманското население.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)