гробар м.

гробар (м.)

Завчера сестра ми ја закопавме со мака. Гробарите ги фрлаа лопатите и зборуваа налутено дека ваков дожд никогаш не се паметело досега.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Еден пијан гробар се занурка над гробот и луѓето го задржаа, фаќајќи го под мишките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Пијаниот гробар си го исекна носот, а на црквинската црешна почна да црцори врапче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Гробарите веќе ја ринеа земјата, си плукаа во рацете и ја ринеа земјата, ја нафрлаа со лопатите на сандакот, го засипуваа гробот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И со тој здив сум викала: гробари, свињи, сѐ што ќе ми дојде да викам, а да си мислам дека некој друг го прави тоа зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Луѓето се разотидуваат. Само двајца гробари останати.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме распрашаа кој сум, што сум, од каде сум, дознаа сѐ за мене, се сожалија и ми предложија да работам како гробар. Прифатив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ко гробар бездушен ќе го проголта минатото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Гробарот ја поттикнуваше родилката да бутка - „Ајде мајко, уште малку, главчето само што не излегло!“, со насмевка, иако благо стискајќи ја устата кога ќе се сетеше на дупката во која тоа сега мало и нејако тело некогаш ќе заврши, во рацете пречека здраво, машко дете, 51 сантим во должина и речиси 5 килограми тежина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кола, капак, крст, цвеќиња и венци; и повторно попот (млад селски мангуп со брадичка) кој го кажува последниот збор додека гробарите импровизираат примитивен лифт.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
- Леба ми врапче подлетарче нѐ гледаше од црешнана, рече гробарот, тргнувајќи кон црешната, ене го, се скри меѓу лисјено, ене го колва мушички, рече, не запирајќи со одењето. ...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Додека ортомите на гробарите го спуштаа во зинатата јама ковчегот со телото на Денко Самоников јас ја уверував Катерина дека погребите ќе беа многу поинтересни ако можевме на нив да ја слушнеме и пораката на покојникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Еј, врапчено нѐ гледа, рече пијаниот гробар, подавајќи се меѓу луѓето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ебати животот, рече пијаниот гробар и пак го издува носот, го исекна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
По нив ќе те догледа лисицата, всемог гробар.“ „Сепак ќе те заколам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Вечнаја памјат, вечнаја памјат, вечнаја памјат! - Одлета, рече пијаниот гробар, враќајќи се од кај црешната, одлета врапчето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе