дар (м.)

Увидуваш ли веќе која си и со каков дар те очекува разиграниот свет пред тебе!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Таа имаше посебен дар за паметењето на ликови и бојата на гласовите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој женски ред-занаети со сновалка ѝ даде и тоа беше негов дар.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Наградата на слободата не доаѓа веднаш со сите свои дарови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мала колекција од дарови, израз на љубов и почитување, пријателство...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Податен на чинки исти недостоен паднат цар, моќ сенишна круни бистри податни на палав зар кон себе ги влече блиски плен понизен возврат- дар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Откако сѐ извадија од ковчезите и купија од дуќаните уште дарови не само за зетот и за неговите роднини, туку и за сите што беа поканети на стројот, и се послаа простирките и по должината на целиот двор, пред лицето на куќата, од каде што ќе доаѓаат гостите, таткото нареди да се запалат фенерите на улицата и ламбите во одаите во чардаците, макар што не беше стемнето и се гледаше добро од дневната светлина...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Може да им беа свадбени дарови, а можеби од оние првите, што се фрлаат по река за умрените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар можеше да посака поубав дар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Геноцидот е нивна навика. -Тие воспоставуваа вештачка немаштија, лишувајќи ги мирољубивите луѓе од природните наследства на земјените изобилства и Божјите дарови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но колку повеќе ја трупаше и ја полнеше куќата со разни работи, колку побогатски се носеше и правеше дарови и колку повеќе прикажуваа луѓето за него - толку понетрпеливо настојуваше тој да се сроди со некоја стара, прикажана фамилија...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Даројте на врагот се омразни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ѝ пративме дарови на свршеницата твоја; прстенот таа го смени.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од дарови за невестата треба да купиш само нежно син фустан за во матично (во бел нема шанси), дека е со фалинка и таа како тебе ,има напукнат брак, па сронат во стакленца ситни и такви исти ситни деца …неколку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Да земиш некое бришалче за попот, та за нункото ќе бараме дар во Стоанкиниот ковчег.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И карваните со сѐ побогати и пораскошни дарови, непрекинато ја искачуваат петринската планина и се спуштаа во благото преспанско поле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да кликнам песна би сакал силна, песната стара за тебе дар, како си Јане Родина бранел со каква гордост љубов и жар!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Повеќе